Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (15.5 %), Рударство и вадење на камен (10.5 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.0 %).

