29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот во слободен пад, потона 17 проценти за еден ден

Биткоинот во слободен пад, потона 17 проценти за еден ден

Цената на биткоинот денес падна за 17 проценти, што предизвика распродажба на пазарите на криптовалути, бидејќи инвеститорите станаа нервозни поради брзиот астрономски раст на неговата цена, а берзанските играчи со кратки позиции побрзаа да заработат од профитот.

Најголемата криптовалута во светот претрпе најсилен дневен пад во последниот месец, паѓајќи на 45.000 долари, пренесува Ројтерс.

Како резултат, падот на оваа дигитална валута се зголеми на скоро една петтина во споредба со рекордното ниво од 58.354 долари што го забележа во неделата, иако цената на биткоинот е сè уште повисока за 60 проценти во споредба со почетокот на 2021 година.

Етереум, втората најголема крипто валута во светот според пазарната капитализација, која често се движи во тандем со биткоинот, исто така потона за повеќе од 17 проценти на 1461 долари, што е за скоро 30 проценти помалку од највисокото во минатата недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП