20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPayoneer креираше бесплатен eCommerce календар

Payoneer креираше бесплатен eCommerce календар

Со цел да ги поттикне претприемачите и компаниите да одат чекор понатаму, Payoneer, дигиталната платформа за плаќање што им помага на бизнисите ширум светот да растат, создаде бесплатен календар за eCommerce за 2021 година за секој што работи на меѓународен пазар.

Календарот ги содржи сите важни датуми, но и препораки кога, во споредба со предложените датуми, најдобро да се започне со маркетинг и продажни кампањи, со корисни совети кои ќе им помогнат на претприемачите и компаниите лесно да ги планираат и спроведуваат своите активности – од типот кога да започнете со специјални понуди за датуми што се слават на меѓународно ниво, како Денот на вљубените, Денот на жената, Божиќ, Велигден, до настани поврзани со одредени земји, како што се германскиот фестивал на пивото Октоберфест или Денот на американската независност. Календарот исто така содржи богатство на податоци за навиките на потрошувачите ширум светот, како и корисни информации за најновите трендови во е-трговијата.

„Ние веруваме дека размената на експертиза и знаење е многу важна за претприемачките заедници ширум светот. Нашиот тим постојано креира содржина, веб-обуки и настани кои им помагаат на локалните претприемачи да успеат на глобалниот пазар. Овој календар за е-трговија ги содржи најважните датуми за купување во годината и предлози за успешни маркетинг кампањи, кои ќе ви помогнат да се подготвите за самите врвови на сезоната на шопинг“, рече Џејмс Алум, регионален потпретседател за Европа.

Бесплатниот календар за е-трговија е достапен на следниот линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП