петок, февруари 26, 2021
3 °c
Skopje
10 ° пет
6 ° саб
5 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.79 0.21%    BGOR 147.00 -1.34%    GRNT 1,300.00 -0.46%    KMB 8,196.31 0.06%    LHND 615.00 0%    MPT 73,000.00 -0.4%    RMDEN19 99.50 0%    SBT 3,449.50 -5.21%    UNI 2,580.00 -0.77%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Македонската Банкарска Асоцијација ги повикува клиентите на банките и штедилниците да извршат упис во регистарот за вистински сопственици

февруари 23, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА
A A
Македонската Банкарска Асоцијација ги повикува клиентите на банките и штедилниците да извршат упис во регистарот за вистински сопственици
67
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Македонската Банкарска Асоцијација ги повикува сите правни лица – клиенти на деловните банки и штедилници кои подлежат на обврската за запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици,  да го извршат пријавувањето во Регистарот во законски предвидениот рок до 27.04.2021 година, со цел понатамошно непречено извршување на платниот промет и воспоставените деловни односи.

Регистарот на вистински сопственици кој се води во рамки на Централниот регистар на Република Северна Македонија започна да функционира на 27.01.2021 година со што тече рокот од 90 (деведесет) дена за пријавување на податоци за вистинските сопственици.

Запишување на вистински сопственик во Регистарот на вистински сопственици се врши електронски во Централниот регистар на Северна Македонија (https://www.crm.com.mk).

Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, сите правни лица кои се предмет на упис во Централниот Регистар на Република Северна Македонија имаат обврска до 27.04.2021 година да извршат запишување на податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици, додека правните лица основани (регистирани) по 27.01.2021 година имаат обврска во рок од 8 (осум) дена од уписот на основањето на деловниот субјект да извршат запишување на податоци за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици.

Обврската за внесување податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот на вистински сопственици не се однесува на:

трговци поединци, лица кои вршат јавни овластувања, буџетски корисници, правни лица во државна сопственост, правни лица во постапка на стечај и ликвидација, самостојни вршители на дејност како и правните лица чии акции котираат на организиран пазар на хартии од вредност и кои се обврзани да се усогласат со условот за објавување на податоците за вистинските сопственици со што се обезбедува соодветна транспарентност на информации за сопственост согласно релевантните меѓународни стандарди.

Започнувајќи од 28.04.2021 година, банките имаат обврска за сите клиенти – правни лица, да ги проверат податоците за вистинскиот сопственик во Регистарот на вистински сопственици и да обезбедат доказ дека е извршен соодветен упис во Регистарот на вистински сопственик.

Доколку клиентот – правно лице во предвидените рокови не изврши запишување на вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици, или податоците во Регистарот нема да бидат ажурирани согласно законските рокови, работењето со сметките ќе му биде оневозможено/одложено, се додека не ги запише/ажурира потребните податоци за вистински сопственик/ци во Регистарот.

Тагови: банкиклиентирегистарштедилници
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Ковид – 19 го “зарази” и земјоделството: намалена побарувачка, раст на трошоците за производство, проблеми со откуп, несигурен пласман!

Следна Објава

До 2030 година, повеќе од 100 милиони работници ќе мора да најдат нови работни места

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%
КОМПАНИИ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

февруари 25, 2021
20

Софтверската компанија „SAP“ има намера да им исплати на своите акционери значително поголема дивиденда. Надзорниот одбор, во координација со бордот...

Прочитај повеќе
На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници
ЕКОНОМИЈА

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

февруари 25, 2021
39

На Европската унија ќе и бидат потребни дополнителни 11 милиони здравствени работници за стари лица до 2030-та година, со цел...

Прочитај повеќе
„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година
КОМПАНИИ

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

февруари 25, 2021
11

Ковид-кризата во 2020-та година беше причина за сериозен пад во извештајот на шпанската телекомуникациска група „Telefonica“ - со последици за...

Прочитај повеќе
Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила
АВТОБИЗ

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

февруари 25, 2021
96

„Mercedes-Benz“ отвори нова страница во својата веќе богата историја. Германската марка го одбележа производството на 50 милиони автомобили, а јубилејниот...

Прочитај повеќе
Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити
ЕКОНОМИЈА

Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

февруари 25, 2021
25

Хрватска е еден од европските рекордери по кредити чија отплата е замрзната поради кризата со Ковид-19. Ова го покажаа новите...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

февруари 25, 2021
На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

февруари 25, 2021
„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

февруари 25, 2021
Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

февруари 25, 2021
Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

февруари 25, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ќе удри ли тапан на свадба годинава? Организаторите на свадби денес на протест пред Влада!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Голдман Сакс: Златото и биткоинот не се во колизија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • НАЈТОЧЕН ТЕСТ: 4 прашања за одредување на личноста

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021

февруари 25, 2021
1.7k
Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021

февруари 22, 2021
6.7k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
102

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
До 2030 година, повеќе од 100 милиони работници ќе мора да најдат нови работни места

До 2030 година, повеќе од 100 милиони работници ќе мора да најдат нови работни места

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани