18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбновата на трговијата со стоки забави на почетокот на 2021-ва

Обновата на трговијата со стоки забави на почетокот на 2021-ва

Светската трговија со стоки нагло се зголеми во четвртиот квартал од 2020-та година, но трендот на раст покажува знаци на забавување, предупреди Светската трговска организација (СТО), истакнувајќи дека закрепнувањето зависи од ефективната вакцинација против Ковид-19.

Барометарот за трговија со стоки на СТО беше 103,9 поени во последните три месеци од минатата година, што сигнализира продолжување на закрепнувањето започнато во третиот квартал, изразено во надминување на вредноста на индексот од 100 поени.

Трендот за закрепнување на нарачките за извоз и трговијата со автомобили достигна максимум и веќе покажува знаци на забавување, предупредува СТО во извештајот објавен кон крајот на минатата недела.

Контејнерскиот и авионскиот превоз на стоки продолжуваат да растат, но краткорочните индикатори сигнализираат забавување на сообраќајот на контејнери на почетокот на оваа година.

Индексите што покажуваат трендови во трговијата со електронски делови и суровини се над долгорочниот тренд, изразени на 100 поени, но „ова може да рефлектира привремена акумулација на залихи“.

„Генерално, трендовите сугерираат дека трендот на раст на трговијата може наскоро да достигне максимум, ако тоа веќе не се случило“, заклучува СТО.

Тие исто така посочуваат дека вкупната вредност на стоковниот барометар не го одразува повторното ширење на Ковид-19 и појавата на нови видови на вируси, „што секако ќе влијае на трговијата со стоки во првиот квартал од 2021-ва година“.

Во октомври, СТО процени дека обемот на трговија опадна за 9,2 проценти во 2020-та година, но падот може да биде нешто поблаг, забележуваат тие.

Тие додаваат дека прогнозите за 2021-ва година се неизвесни заради континуираното ширење на инфекцијата и појавата на нови вируси.

„Опоравувањето во голема мера ќе зависи од ефективноста на вакцинацијата“, нагласуваат тие, додавајќи дека ќе објават нова прогноза во средината на април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП