26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриле 240 нови варијанти на коронавирус, од кои некои можат да избегнат...

Откриле 240 нови варијанти на коронавирус, од кои некои можат да избегнат имунолошка реакција: „Потребни се поагресивни мерки“

Индиските здравствени власти објавија дека се откриени дури 240 мутирани варијанти на коронавирус во земјата и предупредуваат дека некои од нив се потенцијално полесни за пренесување и дека може да избегнат имунолошка реакција.

Откривањето на голем број мутирани варијанти на новиот коронавирус во Индија најверојатно е резултат на наглиот пораст на бројот на заразени во неколку провинции на таа земја, објави НДТВ. Шашанк Јоши, член на индискиот регионален тим за Ковид-19, за споменатата телевизија изјави дека околу 240 нови варијанти на вирусот САРС-КоВ-2 се откриени во Индија.

Неговиот колега Рандеп Гулерија, раководител на индискиот институт за медицински науки и член на регионалниот тим за Ковид-19, предупреди дека некои од варијантите имаат механизам за бегство коеможе да предизвика повторна инфекција на луѓе кои веќе имаат развиено антитела на Ковид-19.

Гулерија, сепак, нагласува дека вакцинацијата е сè уште неопходна, дури и ако не спречи повторна инфекција затоа што, ако ништо друго, може да ги направи симптомите на болеста многу поблаги. Но, само вакцинацијата не е доволна, предупредува Гулерија, туку потребни се агресивни тестирања, следење на контактите и изолација на заразените.

Јоши, пак, смета дека е препорачливо да се носат двојни маски, како и создавање на микрозони за да се совлада жариштето.

Гулерија и Jоши се членови на тимот на КОВИД задолжен за регионот Махараштра, кој пријавил 6.971 новозаболен и 35 смртни случаи во неделата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП