27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск ја сврте плочата: "Се чини дека Биткоин и Етереум се премногу...

Маск ја сврте плочата: “Се чини дека Биткоин и Етереум се премногу скапи”

Иако на пазарот на криптовалути многу сведочеа на огромниот раст во последната недела, главната вест е дека пазарната капитализација на биткоинот за прв пат надмина илјада милијарда долари.

Тоа се случи во петокот кога цената на биткоинот беше нешто помалку од 55 000 американски долари. Ако тоа го помножиме со моменталната понуда на биткоини (18,6 милиони), ќе добиеме нова пресвртница. Биткоинот незапирливо руши нови рекорди, достигнувајќи 57.500 долари, а етерреумот за прв пат достигна 2.000 долари. Претседателот на филијалата на ФЕД во Св. Луис Џејмс Булард верува дека поголемиот интерес за биткоинот не претставува закана за доларот како резервна валута во светот.

Ентони Помплиано, ко-основач и партнер во „Morgan Creek Digital Assets“, има поинакво мислење. Тој предвидува дека биткоинот, чија понуда е ограничена на 21 милиони монети (и нема диво печатење како кај редовните валути), може да достигне 500 000 американски долари до крајот на деценијата, а потоа (тука нема временско ограничување) може дури и да оди до милион.

„Верувам дека биткоинот на крајот ќе стане светска резервна валута и дека неговата пазарна капитализација ќе ја надмине пазарната капитализација на златото“, рече тој за CNBC.

Кога биткоинот ја сруши магичната граница од трилион долари, тој објави на Твитер: „Почивај во мир, мечко“.

Тој ги имаше во предвид сите оние кои постојано предупредуваа дека еуфоријата отиде предалеку. Илон Маск има огромно искуство со такви скептици, бидејќи отсекогаш се соочувал со оние кои биле убедени дека акциите на Тесла биле страшно преценети. Во последно време, Маск е главен „играч“ на пазарот на крипто-валути, особено откако Тесла купи 1,5 милијарди долари во биткоини.

Минатата недела Маск уште еднаш докажа дека е непредвидлив. Не толку многу затоа што смета дека цените на биткоинот и етериумот се високи (тој дури го рече тоа за акциите на Тесла во мај минатата година), туку велејќи дека е само малку подобро да поседувате биткоин отколку обични пари:

„Кога каматната стапка е негативна во класичните валути, само будала не би барал други можности. Но, биткоинот е скоро исто „срање“ како и класичните пари”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП