Полицијата казни 24-годишен тетовец кој на автопат возел со брзина од 300 километри на час.
Според информациите на МВР, полицијата вчера го казнила 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој со „bmw“, со тетовски регистарски ознаки околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.

