25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот има најмалку случаи на коронавирус од октомври лани

Во светот има најмалку случаи на коронавирус од октомври лани

Бројот на пријавени случаи на коронавирус опаѓа во последниот месец ширум светот и денес е најмал од средината на октомври минатата година, покажуваат податоците на „Ројтерс“.

Падот на бројот на нови случаи се совпаѓа со мерките за затворање и ограничувањата за собирање и движење. Но, оптимизмот дека ќе помине кризата се намалува со појавата на новите видови на вирусот и стравувањата дека вакцината ќе биде ефикасна.

„Сега не е време да се опуштиме. Не смееме да се доведуваме во ситуација повторно да расте бројот на случаи“, рече Марија Ван Керхове од Светската здравствена организација на прес-конференција во Џенева.

Вакцинацијата досега започна во 85 земји и се распределени 187.892.000 дози, покажуваат податоците на „Ројтерс“. На прво место е Гибралтар, британска територија на југот на Шпанија, каде се вакцинирани 40 проценти од населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП