22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовa, тотално поинаква „Honda HR-V“ (ФОТО)

Новa, тотално поинаква „Honda HR-V“ (ФОТО)

Новиот модел има хибриден погон и значително различен дизајн од неговиот претходник.

По скиците за патентите што го навестуваа изгледот на новата „Honda HR-V“, имаме можност да ги видиме првите фотографии од новата генерација на овој теренец.

Иако јапонскиот производител не ги објави техничките детали, се чини дека новиот модел има поголеми надворешни димензии од неговиот претходник.

Освен комплетно новиот дизајн, со кој „Honda“ направи голем пресврт во однос на сè уште актуелниот „HR-V“, новитет е и хибридниот погон.

Од „Honda“ потсетуваат дека ова е нивниот трет модел со ознака „e:HEV“ (хибридно електрично возило), по рестилизираниот модел „CR-V“ и комплетно новиот „Hondа Jazz“.

Што се однесува до ентериерот, јапонскиот производител наведува дека со „паметно вклопување во елементите на хибридниот погон“, „HR-V“ го задржа внатрешниот простор на неговиот претходник (кој немаше хибриден погон), така што четворица возрасни можат да седат во максимална удобност.

Исто така, се задржуваат мултифункционалните „магични седишта“, кои нудат флексибилност на рамно спуштање или преклопување на седиштето нагоре, во зависност од потребниот простор за оптоварување.

„Новиот HR-V“, во согласност со целите за електрификација на „Hondа“ за сите поголеми модели до 2022-та година, се очекува да се појави на европскиот пазар кон крајот на 2021-ва година.

Повеќе детали за овој автомобил се очекуваат наскоро, а засега може да се видат фотографии од ентериерот од верзијата за јапонскиот пазар „Vezel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП