27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата ги погоди платите во Германија во 2020-та

Пандемијата ги погоди платите во Германија во 2020-та

Пандемијата на коронавирусот ги погоди платите на работниците во Германија во 2020-та година, што паднаа за прв пат откако државниот завод за статистика започна да објавува извештаи во 2007-ма година.

Бруто месечните плати, вклучително и дополнителните исплати, минатата година паднаа во просек за нешто повеќе од 0,6 проценти, објави „Дестатис“, повикувајќи се на прелиминарните податоци.

Ова е нивниот прв пад откако извештаите започнаа да се објавуваат во 2007-ма година, забележуваат германските статистичари, потсетувајќи дека номиналните плати се зголемија дури и за време на финансиската криза 2008/2009 година, иако за скромни 0,2 проценти.

Кога ќе се земе предвид растот на потрошувачката цена од околу 0,5 проценти, минатата година реалните плати паднаа во просек за еден процент. Во 2009-та година, според „Дестатис“, тие паднаа за 0,1 процент.

Податоците за 2020-та година не ја земаат предвид програмата за субвенционирање на платите воведена од владата за да се обезбеди егзистенција на работниците кои мораа да останат дома и да заштитат работните места поради мерките за затворање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП