Важно е компаниите, кои покажале позитивни резултати, да ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите, за што следува дополнителна помош од државата. Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант, доколку ја прошират нивната економска активност или го зголемат бројот на вработени, потенцира министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостувањето на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат телевизија.
„Доколку компаниите годинава го прошират својот бизнис за најмалку 10 проценти во споредба со минатата година, тогаш 30 проценти од кредитот се претвора во грант. Доколку пак го зголемат бројот на вработени за 5 проценти споредено со минатата година, тогаш 50 проценти од кредитната линија станува неповратен, односно грант“, вели Бесими.

