Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Само на североистокот претпладне ќе има услови за појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој по должината на Повардарието краткотрајно ќе се засилува. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.

