11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦКГ: Повеќе од осум милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на...

ЦКГ: Повеќе од осум милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

Денес, 18 февруари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за зимско одржување на патиштата за сезоната 2020/21.

За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра.

Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонијапат. Само ова претпријатие има склучено договори за јавни набавки за зимско одржување оваа сезона во вредност од 5,7 милиони евра што е две третини од сите пари што ќе се потрошат за оваа намена.

Договори за зимско одржување на улиците и патиштата на скопските општини

ИнституцијаВредност на договорите (во евра)
Град Скопје697.255
Општина Центар138.738
Општина Бутел134.309
Општина Карпош130.081
Општина Гази Баба117.073
Општина Ѓорче Петров103.512
Општина Кисела Вода48.780
Општина Чаир28.780
Општина Аеродром25.983
Општина Чучер-Сандево19.187
ЈКП Сопиште19.187
Општина Арачиново17.268
ЈКП Илинден13.421
Општина Сопиште1.943

Градот Скопје сам зимскава сезона планира да потроши 700 илјади евра за чистење на снегот и прскање на улиците, додека заедно со уште осум други скопски градски општини ќе бидат потрошени околу 1,4 милиони евра за зимско одржување на улиците. Од другите општини од земјава, најголема вредност за ова ќе потрошат Битола, Прилеп и Куманово.

Вредност на зимско одржување на улиците и патиштата на другите општини

ИнституцијаВредност на договорите (во евра)
Општина Битола225.643
Општина Прилеп195.122
Општина Куманово166.121
Општина Тетово115.122
Општина Кичево115.122

Најголем поединечен тендер има склучено Македонијапат со Димакс рудници Сопотница, од речиси седум милиони евра за двогодишно снабдување со сол за патиштата. Набавени се 59.555 тони индустриска сол, по цена од 116 евра по тон, за двегодишно прскање на патиштата.

Ранг-листа на фирми со најголема вредност на договорите за зимско одржување

Реден бројФирмаБрој на договориВредност на договорите (во евра)
1Димакс рудници Сопотница, Д. Хисар47.520.342
2Ган-Логистик Тетово101.169.641
3Аполо Инженеринг11.055.285
4Јоскатранс Трејд Д. Хисар2597.245
5Дикор ЦГ Струмица2559.992

Покрај оваа фирма, која вкупно има 4 тендери во вредност од 7,5 милиони евра, меѓу фирмите со највредни договори се и Ган-Логистик од Тетово со 1,2 милиони евра и скопски Аполо Инженеринг со 1 милион евра.

Конкуренцијата на овие тендери била многу ниска, односно просечно имало само по 1,5 понуди на тендер или на две третини од тендерите (64 %) имало само по една понуда. Вкупната сума на трошоци за зимско одржување сигурно ќе биде и поголема ако се има предвид дека за шест тендери сѐ уште не се објавени склучените договори и нивните износи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП