18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпладне облачно, попладне облачноста ќе се намали

Претпладне облачно, попладне облачноста ќе се намали

Претпладне особено на североисток ќе има зголемена облачност и услови за појава на слаб снег кој на пониските места повремено ќе преминува во слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Попладне облачноста ќе се намали.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во вечерните часови и преку ноќта во северните и источните делови ќе има појава повремен слаб снег. Услови за слаб снег ќе има утре на крајниот североисток, особено претпладне. Потоа следува период на доста тивко и повремено сончево време во кој температурите ќе бидат во пораст. Така в петок утринските температури само на места ќе се спуштаат под -10 степени. За време на викендот и в понеделник температурите преку денот ќе бидат насекаде над нулата и ќе има услови за појава на утринска магла по котлините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП