19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТесла профитираше повеќе од биткоинот отколку од продажбата на електрични возила

Тесла профитираше повеќе од биткоинот отколку од продажбата на електрични возила

Тесла предизвика експанзија на пазарот, кога најави купување на криптовалутата биткоин во вредност од 1,5 милијарди долари.

Со овој потег, цената на бикоинот достигна незамисливи височини, а истовремено носи импресивен профит на овој производител на електрични возила, пишува Yahoo Finance.

Тесла во јануари купи биткоини за 1,5 милијарди долари, иако не откри по која цена и колку вкупно поседува.

За потсетување, во јануари со биткоинот се тргуваше од 29.333 до 37.020 долари, што значи дека за 1,5 милијарди Тесла требало да добие од 37.020 до 51.137 биткоини.

Во зависност од тоа која вредност е земена во предвид, вредноста на биткоините во сопственост на Тесла по денешната цена од 51.259 долари, изнесува 2.621.231.483 долари, така што профитот може да биде поголем отколку во целата деловна 2020 година, пренесува Yahoo Finance.

Имено, Тесла пријави профит од 721 милиони долари во фискалната 2020 година, по загубите од 862 милиони во 2019 година. Дури се проценува дека профитот од купување биткоини може да го надмине вкупниот профит на Тесла од автомобилите во изминатата деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП