24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот вреди над 51.000 долари, каде е крајот?

Биткоинот вреди над 51.000 долари, каде е крајот?

Биткоин скокна уште еден чекор утрово и ја надмина вредноста од 51 000 долари. Помеѓу 9 и 10 часот, цената на оваа криптовалута се искачи на 51.700 долари, а во моментов таа лебди десетици долари околу новиот рекорд.

Вчера биткоинот ја премина границата од 50.000 американски долари и постави нова рекордна вредност, кога со најпопуларната криптовалута се тргуваше неколку минути по цена од 50.600 американски долари.

Првата и најпозната светска крипто-валута продолжи со такво нагло покачување иницирано од односот на големите инвеститори кои почнаа сериозно да ги сфаќаат дигиталните средства. Синоќа биткоинот вредеше 49.998 долари, што значи дека зајакна за околу 70 проценти во текот на оваа година.

Растот на цената на биткоинот особено се засили откако производителот на електрични автомобили „Tesla“ објави дека вложил 1,5 милијарди долари во биткоини и дека ќе прифати плаќања во оваа дигитална валута.

Покрај „Tesla“, биткоинот во последните месеци забележа невидена побарувачка од бројни големи и мали инвеститори, кои најавија негово прифаќање како платежно средство.

Да потсетиме, многу експерти предвидуваат уште поголем раст на вредноста на биткоинот, до 100.000 американски долари, додека некои банкари се уште пооптимистични и најавуваат дека може да достигне 146.000 американски долари.

Домино ефект

Брендон Минц, извршниот директор на „Bitcoin Depot“, смета дека биткоинот би достигнал цена од 100.000 долари во оваа година.

„Мислам дека ќе се создаде ефект на домино како што одминува времето и написите во медиумите зборуваат за големи имиња кои инвестираат во биткоинот“, рече Минц.

Ова е гледиште што го споделија многумина, вклучувајќи ја и основачката на компанијата за управување со средства „Ark Invest“, Кети Вуд. Таа исто така рече дека смета дека цената на биткоинот ќе порасне за 40.000 американски долари доколку секоја компанија од „S&P 500“ инвестира еден процент од билансот на состојба во дигитални средства и дури 400.000 американски долари доколку инвестира 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП