20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот на еден чекор до прагот од 50.000 долари

Биткоинот на еден чекор до прагот од 50.000 долари

Биткоинот денес се приближува до нов рекорден праг од 50.000 долари, од кој го делат само 60 долари, продолжувајќи го наглиот пораст инициран од ставот на големите инвеститори кои почнаа сериозно да ги сфаќаат дигиталните средства.

Првата и најпозната светска криптовалута минатата ноќ достигна 49.938 долари, зајакнувајќи се за околу 70 проценти во оваа година, пренесува „Reuters“.

Растот на цената на биткоинот особено се засили откако производителот на електрични автомобили „Tesla“ објави дека вложил 1,5 милијарди долари во биткоинот и дека ќе прифати купувањеа на нивните автомобили во оваа дигитална валута.

Ривалската криптовалута етереум е исто така близу до своето рекордно ниво од 1.879 долари, кое го достигна минатата недела.

Покрај „Tesla“, биткоинот во последните месеци забележа невидена побарувачка од бројни големи и мали инвеститори, кои најавија негово прифаќање како платежно средство.

Најстарата крипто валута во светот ја создаде Сатоши Накамото, чиј вистински идентитет не е познат. Тргувањето со биткоинот се заснова на блокчејн технологија, која функционира како досие за јавни трансакции и циркулира од 2009-та година, кога се тргуваше главно од шпекуланти, што е практика што почнува да се менува.

Компанијата за деловен софтвер „МикроСтратеџи“ беше меѓу првите што се осмелија да купат биткоини, правејќи ја првата од неколкуте милиони купувања во август 2020-та година, по што управителите на хеџ-фондовите на Волстрит, како милијардерот Стенли Дракенмилер, се свртеа кон инвестирање во оваа дигитална валута.

Компанијата за плаќање преку Интернет, „PayPal“, им овозможи на клиентите да користат биткоини за да купуваат кај трговци во нивната мрежа, а компаниите за картички „MasterCard“ и „Visa“ исто така објавија дека се подготвуваат за ваков потег, што претставува и нова можност и ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП