25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИмунитетот на оние кои прележале КОВИД е скоро еднаков на заштитата што...

Имунитетот на оние кои прележале КОВИД е скоро еднаков на заштитата што ја дава вакцината

Луѓето кои го прележале коронавирусот имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци, покажува студијата на Медицинскиот факултет во Грац објавена во European Journal of Clinical Investigation.

Ова ниво на имунитет е само малку пониско од оној што го обезбедува вакцината на Pfizer / BioNTech, за која се покажа дека е ефикасна 95%.

Ова значи дека претходната инфекција со коронавирус создава скоро исто ниво на заштита како и вакцинираните лица, барем за пократок период, според студијата спроведена во Австрија.

Студијата ги испитувала луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекција, од февруари до април и преминале во вториот бран од септември до ноември.

Во споредба со остатокот од населението во Австрија, тие имале значително посилна отпорност на инфекции.

Овие податоци покажуваат дека имунитетот кон SARS-CoV-2 расте кај австриското население, иако сè уште не знаеме во кој обем овој имунитет се однесува и на разни мутации на вирусот или колку долго и во колкава мерка заштитата против реинфекцијата трае со текот на времето, рече Франц Алербергер од Австриската агенција за здравје и безбедност на храна (Ages).

Потребни се дополнителни проценки на подолг период и анализа на податоците од други земји.

Резултатите се слични на оние добиени од британските здравствени работници кои откриле дека скоро 90 проценти од заразените со коронавирус имале антитела во нивните тела шест месеци по инфекцијата.

Податоците од најголемата биомедицинска база на податоци на Велика Британија, Биобанк, покажуваат антитела кај 88 проценти од испитаниците учесници по шест месеци од инфекцијата. По три месеци процентот е 99 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП