19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНебото над Мелбурн осветлено од метеор за Денот на вљубените(ВИДЕО)

Небото над Мелбурн осветлено од метеор за Денот на вљубените(ВИДЕО)

Небото над Мелбурн во неделата вечер, на Денот на вљубените, било осветлено од метеор.

Би-би-си објави видео кое покажува блесок од пад на метеор, што, како што наведува, дополнително придонел за романтична атмосфера за Денот на вљубените во овој австралиски град, за време на петдневните мерки за заклучување поради пандемијата.

Според австралискиот портал „9Њуз“, Здружението на астрономи објавило дека многу веројатно станува збор за заскитан камен што кружел околу Сонцето милиони години, односно дека земјината атмосфера го привлекла и дезинтегрирала за само неколку секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП