4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДесетте „најружни“ модели на Ферари!

Десетте „најружни“ модели на Ферари!

Иако за многу љубителите на автомобили зборот „ружен“ и „Ферари“ никако неможе да бидат во една реченица едно покрај друго, но автомобилската страна „Edmunds“ се осуди да ја отвори оваа табу тема.

Иако и естетски непривлечните автомобили на Ферари, поседуваат извонредни карактеристики, од „Edmunds“ нивните доблести ги оставија настрана и се фокусираа само на изгледот на овие модели.

Интернет страната се базира на фактите дека од секое Ферари се очекува да биде далеку над просекот кога станува збор за снагата, управувањето, чуството при возењето, но и кога дизајнот е во прашање. Сепак понекогаш дури и инженерите и дизајнерите на Ферари тешко да ги достигнат зацртаните идеали.

Иако италијанскиот производител често ги ангажира најпознатите експерти во областа на дизајнот, „Edmunds“ укажува дека некогаш и тие можат да погрешат. Погледајте ги 10-те модели на Ферари кои се најдоа на неславната листа.

10. Ferrari Mondial 8 (1980.)

ferari 10

Според „Edmundsu“ овој модел со 2+2 седишта чиј дизјан е дело на студиото „Pininfarina“, личи на „кутија за кондури со лоши пропорции на која се прикачени некои делови на Ферари“.

9. Ferrari 330 GTC Zagato (1967.)

ferari 9

Тешко е да се верува дека „Zagato“ бил сериозен кога го дизајнирал овој автомобил кој бил наменет за извоз во САД. Го карактеризира недостаток на реална маска на ладилникот и катастрофален заден дел.

8. Ferrari 330 GT 2+2 Series 1 (1964.)

ferari 8

За овој модел се вели дека е единствениот сериски произведен модел на Ферари со четири светла, но дури и подоцнешната верзија која имаше класични светла неможеше да го направи автомобилот да е попривлечен.

7. Ferrari 308 GT4 2+2 (1973.)

ferari 7

Првиот Ферари со V8 мотор беше токму овој модел. И наместо „Pininfarine“ за ова возило беше избрано студиото „Bertone“. Но за разлика од успехот кој го постигнаа моделите на „Lamborghini“ – „Miura“ и „Countach“, на Ферари му беше испорачан еден куп лим во облик на автомобил со лоши пропорции.

6. Ferrari 456 (1992.)

ferari 6

Според „Edmunds“ ова на изглед е најдосадниот Ферари на сите времиња.

5. Ferrari FF (2012.)

ferari 5

Изненадувачки високо место на листата зазема еден од најновите модели на Ферари.

Караван верзија само по себе не е лоша идеа, но некои од елементите на овој автомобил се беспотребно пренагласени. Како од Ферари по секоја цена да се труделе да ја истакнат својата величина и значење низ дизајнот на овој автомобил.

4. Ferrari California (2009.)

ferari 4

Сите големи модели на Ферари такви се поради својата автентична убавина. Секој елемент на нивниот дизајн тука е да допринесе на вкупните перформанси. Од друга страна „California“ со V8 мотор кој е сместен напред претставува збир на стилски детали почнувајќи од носот на автомобилот, па се до неговата пренагласена задница.

3. Ferrari 365 GTC/4 (1971.)

ferari 3

Механички автомобилот скоро е идентичен со саканиот модел „Daytona“. Но стилски 365 GTC/4 изгледа како „C3 Corvette“ со испеглани браници. За работите да бидат уште полоши тука е и гумената рамка околу маската на ладилникот, која чини овој Ферари да потсетува на Опел.

2. Ferrari 575 Zagato GTZ (2006.)

ferari 2

Дизајниран за јапонскиот колекционер „Yoshiyuki Hayashi“, а на прв поглед изгледа како алуминиумското тело да е во конфликт само со себе. Предниот заоблен браник стилски не одговара со хаубата, од задниот браник како да се откажале, додека задниот крај како да е превземен од „Corvette“ од 1956-та година.

1. Ferrari F50 (1995.)

ferari 1

Првото место на оваа листа му припадна на едно од најпознатите топ модели на Ферари од деведесетите години на кое се потпиша „Pininfarina“.

„Од својот стилски конфузен нос, преку неинтересниот среден дел, па се до бесмисленото задно крило кое делува и евтино, автомобилот изгледа во најмала рака чудно“, закчувуваат од „Edmunds“ во својата листа од десет најружни модели на Ферари во историјата на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП