26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ повлекува 1,3 милиони автомобили поради дефект

„Mercedes“ повлекува 1,3 милиони автомобили поради дефект

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ ќе повлече повеќе од 1,3 милиони возила од марката поради дефект во системот за итни повици, јави „Асошиејтед Прес“, повикувајќи се на изјава на Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во САД (NHTSA).

Забележано е дека компанијата претходно регистрираше несреќа во Европа кога системот за автоматски повици за итни случаи испрати неточен сигнал за локацијата на автомобилот.

Во октомври 2019-та година беше покрената внатрешна истрага, во која беа откриени други слични случаи, кои, според компанијата, не биле регистрирани во САД.

Според информациите ќе бидат повлечени моделите произведени по 2016-та година, вклучувајќи ги „CLA“, „GLA“, „GLE“, „GLS“, „SLC“, „A“, „GT“, „C“, „E“, „S“, „CLS“, „SL“, „B“, „GLB“, „GLC“ и „G.K“.

„Daimler Vans“ исто така објави повлекување на моделите „Metris“ произведени од 2016-та до 2020-та и „Sprinter“ 2019-2020.

„Mercedes“ исто така рече дека ќе ги извести сопствениците на автомобили и ќе го ажурира софтверот бесплатно.

Повелкувањето на возилата се очекува да започне на 6-ти април, објави весникот „Стандард“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП