3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOMV е во потрага по 1.600 нови работници

OMV е во потрага по 1.600 нови работници

omv726

На меѓународната нафтена и гасна компанија „OMV“ до 2016-та година ќе и бидат потребни околу 1.600 технички персонал.

Особено тоа важи за лица со универзитетски дипломи и искусни експерти, поради планираниот раст на истражување и производство на нафта и природен гас.

Претседателот на извршниот одбор на „OMV“ Герхард Ројс изјави дека компанијата во 2011-та година го ставила својот фокус на истражување и производство, додавајќи дека овој факт има позитивно влијание врз пазарот на труд.

„Ќе ни бидат потребни 1.600 нови работници поради постигнувањето на планираниот раст. Бараме мотивирани поединци со позадина на полето на техниката и заинтересираноста за работа во некои од највозбудливите места на светот“, додава Ројс.

„OMV“ има намера да ги исполни националните и интернационалните барања за нови вработени и не се во потрага само по искусни работници во овие области, туки и за дипломци од геонауката и нафтеното инженерство давајќи им на тој начин шанса на младите инженери да започнат кариера на полето на техниката.

Во последните неколку месеци „OMV“ започна со значајни инвестиции во Норвешка и на Црното море, а за овие и другите национални и интернационални проекти ќе ги регрутираат новите работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП