19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија денеска ќе ги прими првите вакцини од Србија

Македонија денеска ќе ги прими првите вакцини од Србија

На граничниот премин Деве Баир утрово треба да пристигнат првите дози на вакцини од Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му ја предаде пратката на премиерот Зоран Заев.

Станува збор за првата пратка од 4.000 вакцини од производителот „Фајзер“. Вкупно, од Србија, земјава треба да набави 8.000 вакцини.

Вакцините требаше да пристигнат четвртокот, но поради усогласување на техничката документација настанот се одложи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП