6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТлото не мирува, Хрватите не спијат: Нов земјотрес ја погоди Петриња!

Тлото не мирува, Хрватите не спијат: Нов земјотрес ја погоди Петриња!

Хрватската сеизмолошка служба објави дека е регистриран умерен земјотрес со епицентар на девет километри западно од Петриња 21 минути по полноќ.

Јачината на земјотресот била 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, на 29 декември Петриња беше погоден од земјотрес од 6,3 степени. Седум лица тогаш ги загубија своите животи, а повеќе од 2.000 згради беа срушени или сериозно оштетени во градот и околните села.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП