20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Citroen“ го претстави „C3 Aircross“ зa 2021-ва (ФОТО/ВИДЕО)

„Citroen“ го претстави „C3 Aircross“ зa 2021-ва (ФОТО/ВИДЕО)

Францускиот производител објави фотографии и технички детали од редизајнираниот кросовер.

„Citroen“ за 2021-ва го освежи својот најмал кросовер, кој сега има малку поразличен дизајн на предниот дел во склад со новиот „C4“.

Променети се предната маска и браникот на автомобилот, а тука се и новите „LED“ светла кои се стандарден дел од опремата.

Францускиот производител се пофали и со големиот избор на опции за персонализација. Купувачите може да изберат меѓу 70 различни комбинации на нијанси на надворешноста, вклучувајќи ги и двобојните верзии од кои покривот е во друга боја со остатокот од каросеријата.

Тука се и новите нијанси – „Khaki Grey“, „Voltaic Blue“ и „Polar White“.

„Citroen“ соопшти дека ги има подобрено седиштата кои сега се поудобни и нудат подобра поддршка на телото, а редизајнирана е и централната конзола која сга има повеќе простор за складирање на ситници.

Моделот за 2021-ва доби и нов, поголем екран за мултимедијалниот систем со дијагонала од 9 инчи, како и „Android Auto“ и „Apple CarPlay“ поддршка.

Меѓу дополнителните опции е и бежичниот полнач за смартфони.

Купувачите на располагање имаат и до 12 систем за асистенција, вклучувајќи ги „Active Safety Brake“ и „Park Assist“, a може да се нарача и „head-up“ дисплеј во боја.

Палетата на мотори и натаму се состои од бензинци и дизели. Во понудата се 1.2-литраски турбо-бензинец во верзии со 110 и 130 KS, потоа 1.5-литарски дизел мотор со 110 KS, како и 1.6-литарски дизел со 120 KS.

„Citroen C3 Aircross“ зa 2021-ва во продажните салони ќе пристигне во текот на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП