Шефовите на Светската здравствена организација и Фондот за деца на ООН апелираат за зголемено производство на вакцини против Ковид-19 и правична дистрибуција, предупредувајќи дека глобалното ширење е опасно нерамномерно. Според податоците на двете организации во речиси 130 земји, со 2,5 милијарди луѓе, сè уште немаат ниту една вакцина. Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто-домашен производ (БДП).
„Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто-домашен производ (БДП)“ изјавија шефот на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебреизус и извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор.

