26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„PepsiCo“ очекува органски раст на приходите во оваа година

„PepsiCo“ очекува органски раст на приходите во оваа година

„PepsiCo“ објави дека очекува органските приходи да се зголемат во 2021-ва година, поради надежите дека потрошувачите брзо ќе се вратат на своите навики пред пандемијата по отворањето на економиите и зголемениот број на вакцинациите.

Гигантот за закуски и газирани пијалоци исто така објави подобар од очекуваниот приход во четвртиот квартал. Новите блокади во текот на зимата ја зголемија побарувачката за производи како „Tostitos“, „Cheetos“ и „Gatorade“, кои се повеќе склони за домашна употреба.

Компанијата, чии најпопуларни брендови ги вклучуваат чипсот на „Lay’s“ и пијалоците „Pepsi“, соопшти дека очекува едноцифрено зголемување на просечниот опсег на годишниот органски приход и едноцифрено зголемување на високиот опсег на прилагодена заработка.

Приходите од органската закуска „Frito-Lay“ се зголемија за 5 проценти во четвртиот квартал, додека оние од газираните пијалаци и другите пијалоци се зголемија за 5,5 проценти во Северна Америка, нивниот најголем пазар.

Нето приходот на „PepsiCo“ се зголеми за 8,8 проценти на 22,46 милијарди долари во кварталот што заврши на 26-ти декември. Тоа е над очекувањата на пазарот за 21,8 милијарди долари, според податоците на „Refinitiv“.

Компанијата најави и зголемување на годишната дивиденда за 5 проценти, што ќе се исплати во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП