27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на невработеноста во Австрија

Раст на невработеноста во Австрија

avstrija2

Стапката на невработеност во Австрија во јуни се зголеми на 6,7 проценти, но таа и понатака е најниска во ЕУ, соопштија денес од австриското Министерство за труд.

Според податоците на европската канцеларија за статистика Еуростат, стапката на невработеност во Австрија во јуни била 4,6 проценти, што е најниската стапка во ЕУ.

Меѓутоа, економијата на оваа земја и понатака е слаба.

Двата официјални австриски институти предвидуваат дека економскиот раст на оваа земја оваа година ќе биде помеѓу 0,4 и 0,6 проценти, бидејќи слабата состојба на економијата во останатите земји од еврозоната влијаела на побарувачката на стока од Австрија.

„Закрепнувањето на австриската економија е многу скромно. Економистите не предвидуваат одржливо закрепнување оваа есен или наредната година“, се вели во соопштението на австриското Министерство за труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП