28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија се намали за рекордни 9,9% во 2020-та

Британската економија се намали за рекордни 9,9% во 2020-та

Британската економија се намали за рекордни 9,9% во 2020-та година, откако пандемијата на коронавирусот сериозно влијаеше на економската активност во земјата.

Во последниот квартал од годината, БДП-то порасна за 1%, според националниот завод за статистика на Обединетото Кралство, бидејќи земјата повторно воведе национална блокада во обид да се ограничи растот на нови случаи на Ковид-19.

Очекувањата на економистите кои учествуваа во истражувањето на „Refinitiv“ беа во просек за пад од 8% во економијата за 2020-та година и раст од 0,5% за четвртиот квартал.

Британската економија порасна за 16,1% во третиот квартал, кога беа олеснети ограничувањата.

До денес, Велика Британија има повеќе од 4 милиони случаи на Ковид-19 и 115.000 смртни случаи поврзани со оваа болест, соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“. Во последниве месеци, земјата беше исто така погодена од нова и позаразна варијанта на вирусот.

Велика Британија останува под национална блокада без јасен датум на крај, иако премиерот Борис Џонсон во средата потврди дека приближно секој четврти, или околу 13 милиони луѓе, веќе ја примиле првата доза на вакцината против Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП