Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 249 лица пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие на Инфективната клиника не е примен ниту еден нов пациент. На интерните клиники биле примени седум нови пациенти, а во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ – пет нови пациенти.

