Милијардерот и основач на компанијата Тесла, Илон Маск, уште еднаш предизвика скок на вредноста на Dogecoin со својата објава на Твитер.
Тој ја сподели веста со своите 46 милиони следбеници дека купил одреден број на овие дигитални валути за неговиот деветмесечен син X Æ A-Xii.
„Купив dodgecoin за малиот Х, за да може да биде бебе акционер“, напиша Маск на Твитер.
По објавувањето, Dogecoin скокна за дури 16%, што ја зголеми својата вредност од 0,069 на 0,08 долари. Ова не е прв пат твитот на Илон Маск да предизвика скок на вредноста на криптовалутата..
Што е Dogecoin?
Dodgecoin е создаден во 2014 година како шега и пародија на тема криптовалути, инспирирана од смешното интернет меме „Doge“.
Овој раст му помогна на Dogecoin да ја поврати вкупната проценета пазарна вредност од 10 милијарди долари.
Dodgecoin се разликува од биткоинот по тоа што не постои цврсто ограничување на вкупната понуда од оваа криптовалута. Биткоинот има фиксен фонд од околу 21 милиони монети, од кои сите сè уште не се „ископани“. Од друга страна, Dodgecoin има залиха на повеќе од 100 милијарди монети, со 5 милијарди нови монети годишно.
Дури и основачот на Dogecoin, Били Маркус, не може да го сфати порастот на вредноста на оваа криптовалута што се појави од шега.
„Идејата за тоа Dogecoin да вреди 8 центи е исто како акцијата на GameStop да вреди 325 долари, и тоа нема логика“, рече неодамна Маркус.



