1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешките банки најпрофитабилни, словенечките со најлоши резултати

Чешките банки најпрофитабилни, словенечките со најлоши резултати

euro3

Банкарскиот сектор во Словенија во 2012 година заврши со најлоши резултати во Средна и Источна Европа со негативен повратен капитал кој изнесува – 7,3 проценти, покажува анализата на „moj-bankar.hr“ за профитабилноста на банкарскиот сектор.

Но најлошото сеуште не поминало, бидејќи БДП на Словенија паднал во првиот квартал од 2013 година за 4,8 проценти, а државата сеуште бара начин како да ја зајакне Нова Љубљанска банка на која и недостасува свеж капитал за да продолжи да работи нормално.

Унгарија која ги врати своите „долгови“ на ММФ и која дел од трошоците во кризата, преку данок на актива, го префрли на банките, сеуште има непрофитабилен банкарски сектор, но во споредба со Словенија може да се нарече „благ“.

Од друга страна се резултатите на Чешка и Полска. Извозно ориентираната Чешка и снаодливата Полска која има силен „интерен сектор“ за повлекување на ЕУ фонодвите, растат и работат како да нема никаква криза. Повратниот на капитал на чешкиот банкарски сектор изнесувал 21,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП