25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот троши повеќе електрична енергија од Аргентина

Биткоинот троши повеќе електрична енергија од Аргентина

Биткоинот троши повеќе електрична енергија годишно од цела Аргентина, покажала студијата на Универзитетот во Кембриџ и судејќи според неговата сегашната вредност, ова нема да се промени толку брзо, и покрај очекуваниот раст на штетните емисии на гас.

„Рударењето“ на крипто-валути бара многу енергија, бидејќи вклучува големи компјутерски пресметки за да се потврдат трансакциите, пишува Би-Би-Си. Истражувачите од Кембриџ откриле дека компјутерите кои бараат трансакции трошат околу 121,36 терават-часови (TWh) електрична енергија годишно, врз основа на проценка на просечната цена од пет центи на киловат-час и енергетските потреби на мрежата на биткоинот.

Ова би значело дека компјутерите ангажирани во потрага по биткоини трошат повеќе од населението во Аргентина, чија потрошувачка е 121 терават-часови годишно. Тие исто така ја надминуваат потрошувачката на Холандија (108,8 терават-часови), Обединетите Арапски Емирати (113,2 терават-часови) и се блиску до Норвешка, која троши 122,2 терават-часови годишно.

Енергијата која ја користат можат да ги напојуваат сите машини за чај во Велика Британија во следните 27 години, откриле на Универзитетот во Кембриџ.

Тие исто така ја наведуваат споредбата која тера на размислување – количината на електрична енергија што ја трошат секоја година инволвираните, а неактивните домашни апарати само во САД може да ја напојуваат целата мрежа на биткоин за една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП