19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот постојат само четири бои на пасоши и секој има посебно...

Во светот постојат само четири бои на пасоши и секој има посебно значење! Еве зошто нашиот е црвен!

Пасошите се изработуваат само во четири бои – црна, сина, зелена и црвена. Дали знаеш зошто?

Во некои земји, религијата исто така игра улога во изборот на боја, затоа многу исламски земји користат зелени пасоши заради важноста на таа боја во нивната религија. Се верува дека зелената боја е омилена боја на Мухамед, а исто така е симбол на природата и животот.

Другите нации избираат боја според индивидуалниот карактер и идентитет.

Сини пасоши

Сината боја симболизира нов свет за 15 карипски земји кои се определија за оваа боја, а ја имаат и земјите во Јужна Америка, како што се Бразил, Аргентина и Парагвај. Синиот пасош на американскиот континент е знак на препознавање за некои земји, што се совпаѓа со Меркосур, политичка и економска организација која промовира слободна трговија и слободен проток на стоки, луѓе и капитал.

Сепак, Венецуела сè уште го користи црвениот пасош, како потсетник за времето кога тој беше дел од „заедницата на Андите“. Најпознатиот син пасош во светот е американскиот.

Граѓаните на САД користат сини пасоши од 1976 година.

Црвени пасоши

Европските пасоши се претежно црвени, што укажува на припадност на ЕУ, освен Хрватите, каде длабоката нијанса на виолетова боја е измешана со црвената нијанса. Земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ ги сменија своите пасоши во црвени. Тоа беше случај со нашата земја, Албанија, Турција, Србија. Велика Британија имаше црвен пасош, но по Брегзит го смени во син.

Земјите со историја од комунизмот, исто така, избираат црвена боја за нивните пасоши.

Зелени пасоши

Повеќето исламски земји имаат зелени пасоши, бидејќи тоа е важна боја во муслиманската религија. Египет, Мароко, Саудиска Арабија и Пакистан се само некои од нив. Исламот ја слави оваа боја затоа што очекуваат рајот да биде полн со зеленило.

Варијации во оваа боја се присутни и во земјите кои се членки на економската заедница на земјите од Западна Африка – вклучувајќи ги Сенегал и Нигер.

Црни пасоши

Црни пасоши имаат земји за кои оваа е национална боја, како што е Нов Зеланд. Сепак, повеќето се меѓу африканските земји, а некои се Ангола, Боцвана, Чад, Конго, Малави, Замбија, Бурунди и Јужна Африка.

Причината зошто некои земји имаат црни пасоши е чисто практична. Потемните бои се практични бидејќи пасошите се помалку валкани, а изгледаат и визуелно убави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП