18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали „гасите пожари“ на работа или го правите она што навистина е...

Дали „гасите пожари“ на работа или го правите она што навистина е важно?

Барањата за ефикасност при работа создадоа заблуди за тоа што навистина значи продуктивен работен ден, поради тоа што многу луѓе мислат дека зафатеноста е иста како и продуктивноста.

Разлики помеѓу продуктивни и зафатени луѓе

Зафатените луѓе имаат тенденција да вклопат што повеќе работи и работни обврски во нивниот ден. Продуктивните луѓе намерно и плански ја намалуваат својата листа на обврски за 50 проценти.

Зафатените луѓе сметаат дека треба да се направат што е можно повеќе работи во вообичаените осум или девет часа поминати на работа. Тие ставаат премногу задачи на нивната листа на обврски за да ги одложат повеќето од нив за следниот ден. Продуктивните луѓе многу добро знаат дека не им требаат 40 задачи на списокот за тоа што треба да се направат. Тие го користат пристапот помалку е повеќе кога станува збор за планирање на својот работен ден со извршување само на најважните задачи.

Зафатените луѓе „скокаат“ на секоја задача. Продуктивните луѓе ја знаат разликата помеѓу „итно“ и „важно“.

Зафатените луѓе поминуваат голем дел од своето време на работа „гаснејќи непотребни пожари“ затоа што се заслепени од итните обврски на работа кои не се толку важни. Во било која компанија, многу работи можат да бидат означени како итни, но тоа обично го одредува вашиот колега или шеф кој очекува одговор што побрзо. Екстремно продуктивните луѓе знаат да разликуваат итни задачи од важни задачи. Тие се фокусираат на тоа што е важно, наместо да го поминуваат своето работно време обидувајќи се да завршат разни итни задачи.

Зафатените луѓе се секогаш расеани. Продуктивните луѓе создаваат систем.

Зафатените луѓе со текот на годините развиле навики кои ја убиваат продуктивноста. Тие компулсивно ја проверуваат е-поштата во текот на денот и излегуваат од колосек секогаш кога ќе им заѕвони телефонот. И овие практики всушност можат да го забават мозокот.

Една неодамнешна студија на Универзитетот Кингс Колеџ во Лондон, откри дека компулсивната нервоза околу е-поштата може да доведе до пад на IQ за 10 поени. Постојаното префрлување од работната задача и одговорање на е-пошта, исто така, ја менува структурата на вашиот мозок, што доведува до помала можност за фокусирање.

Од друга страна, продуктивните луѓе создаваат систем за дури и најобични задачи, како што е проверка на нивната е-пошта. Тие посветуваат одредено, кратко време за проверка на е-пошта, за да можат да се концентрираат повеќе на она што е потребно за да се исполнат нивните цели за тој ден.

Зафатените луѓе извршуваат повеќе задачи истовремено. Продуктивните луѓе се фокусираат.

Зафатените луѓе се обидуваат да направат 15 работи одеднаш. Неколку прозорци и документи се отворени на нивниот компјутер додека тие постојано го проверуваат својот календар.

Продуктивните луѓе се фокусираат на извршување на задачите што се најважни, што е можно поефикасно. Тие ефикасно извршуваат повеќе задачи, комбинирајќи помалку важна задача со важна задача. На пример, високо продуктивна личност води белешки за идеи за потенцијален проект додека чека состанок на одборот. Продуктивните луѓе се исто така свесни дека треба да извршуваат повеќе задачи само доколку може да се заврши некоја друга помалку важна работа со малку енергија.

Зафатените луѓе се залепени на своите бироа. Продуктивните луѓе знаат кога да направат пауза.

Зафатените луѓе ретко прават паузи, тие всушност ги мразат паузите мислејќи дека се наменети за мрзливите. Тие исто така се фрустрираат кога ќе видат продуктивни луѓе кои се чини дека го имаат цело време во светот и кои всушност уживаат во својата работа.

Продуктивните луѓе знаат кога да си дадат момент за одмор. Тие прават паузи одејќи на прошетка додека ја слушаат омилената музика, гледаат кратко смешно видео, медитираат или одат на ужина. Тие знаат дека ќе бидат попродуктивни кога ќе го остават мозокот да мирува кратко време после неколку долги часови работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП