25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизводството на „BMW iX“ е одложено за следната година

Производството на „BMW iX“ е одложено за следната година

Кога електричниот теренец „iX“ беше претставен во ноември минатата година, „BMW“ објави дека моделот ќе оди во сериско производство во фабриката во Динголфинг (Германија) во втората половина од оваа година. Сепак, сега е јасно дека роковите може да не се запазат.

Форумот „iXForums“, посветен на електричните „Баварци“, објави дека тие добиле информации од извори во компанијата деке биде одложено производството на „iX“. Според информациите, електричниот џип нема да почне да се произведува пред март 2022-ра година.

„BMW“ официјално не ги потврди ваквите информации и не е познато која е причината за доцнењето. Според експертите, електричниот кросовер е уште една жртва на глобалната криза со недостиг на полупроводници, што сериозно ја погоди автомобилската индустрија.

Иако беше лансиран доцна, „iX“ сепак е многу важен автомобил за „BMW“, бидејќи ќе биде првиот целосно електричен „SUV“ на брендот. Моделот ќе се потпре на петтата генерација „eDrive“ технологија со два електромотори и комбинирана моќност од над 500 коњски сили. Се очекува тој да забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 5 секунди.

„BMW iX“ ќе се потпре на батерија со капацитет од над 100 kWh, што ќе му овозможи на автомобилот да помине над 600 километри со едно полнење. Батериите ќе можат да се полнат до 80% од нивниот капацитет на станици со капацитет до 200 киловати, а во такви случаи полнењето ќе трае помалку од 40 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП