19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Британија има нов „супер-вид“ на коронавирус, тврди научник од Оксфорд

Во Британија има нов „супер-вид“ на коронавирус, тврди научник од Оксфорд

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, кој е професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, вели дека се појавила и нова мутација на британскиот вид на коронавирус, која ја нарекува супер-сој.

Британската варијанта на вирусот беше откриена во декември 2020 година и последниов месец стана доминантен вид, бидејќи повеќе од 50 проценти од луѓето се заразени со неа, пишува „Јутарњи“.

„Исто така, откриено е дека овој британски вид има мутација што потекнува од јужноафриканската варијанта. Сега имаме нов супер-сој на британската варијанта со јужноафриканска мутација, кој би можел да избегне имунолошки одговор“, вели Рамадан.

Тој додава дека Велика Британија го вакцинира населението со голема динамика и дека досега се вакцинирани 13 милиони луѓе. Околу 15 милиони луѓе се очекува да бидат вакцинирани до средината на февруари.

Во однос на вакцината од „Астразенека“, Рамадан вели дека таа е подеднакво ефикасна како и другите вакцини и дека последните податоци покажуваат оти истата штити и создава еднаков имунитет кај сите возрасни групи, пренесува ХРТ.

„Најновите клинички испитувања покажуваат дека ‘Астразенека’ развива имунитет по околу 20 дена во 76 проценти од случаите по првата доза, а по втората доза штити и до 85 проценти од случаите“.

Прашан дали појавата на новиот вид најавува трет бран на епидемијата, Рамадан вели дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки кои ќе ги воведат земјите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП