Ендру Фас, поранешен извршен директор на две најголеми малопродажни организации во Канада, во својата нова книга „The Bully’s Trap“ истакнува дека секое лице кое ќе се ангажира на „надредени позиции“ треба да биде подложено на психолошки тест.
Причината за ова, како што пишува Фас, е да се утврди дали тој е психопат кој може да има негативно влијание врз работниот колектив, пишува „Business Insider“.

