Облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 8 до 15 степени.
На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.
Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили.
Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер
Во Скопје ќе биде облачно со дожд и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени..