25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПентагон конечно призна дека открил остатоци од НЛО и вршел тестирање на...

Пентагон конечно призна дека открил остатоци од НЛО и вршел тестирање на материјал кој има неверојатни способности

Американски Пентагон призна дека открил остатоци од НЛО и дека бршел тестирања на тие футуристички материјали. Така барем тврди самопрогласениот експерт за НЛО, Тони Брагагља, кој долги години истражува НЛО феномени и кој досега се споменуваше во неколку книги на оваа тема, но и во странски медиуми, претежно од типот на таблоиди.

Брагагља тврди дека документите кои Пентагон гинаправи достапни според Регулативата за слободен пристап на информации (ФОИА) се всушност поврзани со парчиња метал пронајдени на местото на несреќата на НЛО во Росвел уште во 1947 година.

Според истите документи, до кои Брагагља доби пристап дури по повеќе од три години затоа што поднесе барање до Министерството за одбрана на САД во 2017 година за слободен пристап на информациите, експертот за НЛО тврди дека станува збор за материјали кои се цел квантен скок над она што е денес позната и достапна технологија на човештвото.

На својата веб-страница, Брагагља сподели и линкови до сите одговори кои ги добил од американската Агенција за воено разузнавање (ДИА).

Во писмото од 8 јануари оваа година, тој добил само делумен одговор на барањето за пристап до сите информации за резултатите од NZP (неидентификуван воздушен феномен, или официјалното име кое го користеше американската влада за НЛО) на материјал од Бигелоу Аероспејс.

Брагагља тврди, според документите до кои добил пристап, дека овие материјали можат да имаат моќ да направат други работи невидливи, да ја „компресираат“ електромагнетната енергија, па дури и да ја забават брзината на светлината.

Понатаму, на својата веб-страница се вели дека овие материјали се предадени на компанија која работи во армијата за анализа и складирање во „специјализирани објекти“.

Неверојатно, дел од информациите објавени во овие документи зборуваат за материјал со можност за враќање на формата во првобитната состојба, исто како остатоците од таканаречениот мемориски метал пронајден во несреќата на НЛО кај Росвел во 1947 година, тврди Брагагља.

Иако повеќето извештаи се поцрнети, можеме да добиеме увид дека овие технологии претставуваат буквален квантен скок над својствата на сите постојни материјали познати за човекот, пишува Брагагља.

Тој понатаму посочува дека информациите кои ги добил преку барањето по пат на ФОИА, всушност содржат извештаи во врска со она што е научено од анализата на НЛО и како ова знаење може да се примени во иднина, но овие информации не вклучуваат детали за самите остатоци.

Брагагља признава дека информациите до кои добил пристап не содржеле многу од она што тој го барал, како што е физичкиот опис на материјалот и неговиот состав, од каде потекнува, и имињата на научниците кои го проучувале. Таа информација остана тајна.

Објавените документи помагаат за информирање за потенцијалните апликации на овие материјали, но не нудат подлабок увид од што точно се состојат овие остатоци. Се зборува за „неодамнешни експерименти“ кои овозможуваат нови концепти и теоретски развој што може да резултира со појава на нови материјали, пишува Брагагља.

Брагагља ги наведе и сведочењата на 40 сведоци кои тврдат дека материјалот сличен на метал, пронајден на местото на несреќата на НЛО во Росвел, самиот се враќа во првобитната форма откако ќе се свитка или деформира.

Околу 154 страници од пет документи кои содржат поспецифични одговори на барањето на Брагагља останаа недостапни. Американската агенција за воено разузнавање (ДИА) сè уште не даде коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП