6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 389 заразени со коронавирус, починаа четири лица

Нови 389 заразени со коронавирус, починаа четири лица

Во последните 24 часа потврдени се 389 случаи на коронавирус, 998 лица оздравеле, а починале четири пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 140, Прилеп – 34, Кавадарци – 33, Куманово – 21, Велес – 20, Охрид – 15, Делчево – 14, Битола – 13, Тетово и Струмица – по 12, Неготино – 11, Штип – 10, Гевгелија – 8, Гостивар и Берово – по 6, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 4, Струга, Кочани и Ресен – по 3, Виница, Демир Капија и Дојран – по 2, Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево – по 1.

Регистрирани се 998 оздравени пациенти од: Скопје – 620, Куманово – 36, Тетово – 35, Охрид – 33, Струмица – 28, Кавадарци, Велес и Гостивар – по 25, Битола – 18, Ресен и Дебар – по 16, Делчево и Штип – по 15, Прилеп и Гевгелија – по 13, Неготино, Струга и Кичево – по 8, Пробиштип и Македонска Каменица – по 5, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка, Виница, Крушево и Пехчево – по 3, Кочани, Демир Капија, Радовиш и Валандово – по 2, Берово, Свети Николе и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 4 починати лица. Починати се по еден пациент од Куманово (73г), Кавадарци (65г), Пробиштип (87г) и Виница (83г). Три пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 476.725 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП