24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо „балон“ ли е пазарот на акции? (ИНФОГРАФИК)

Во „балон“ ли е пазарот на акции? (ИНФОГРАФИК)

Американската берза продолжува да расте, со надеж за брзо решавање на планот за стимулација на американскиот претседател Џо Бајден од 1,9 трилиони долари што ги доведоа индексите до нови рекордни издигнувања.

По неверојатно добрата втора половина од 2020-та година, индексите „Dow Jones“, „S&P 500“ и „Nasdaq Composite“ сега се зголемија за 69, 75 и 104 проценти од пандемиските падови на 23-ти март 2020-та година, пишува „Statista“. Ова предизвикува загриженост за односот помеѓу пазарите и реалноста.

На крајот на краиштата, пандемијата продолжува да има сериозно влијание врз американската економија. Повеќе од 10 милиони Американци се без работа, а илјадници бизниси се пред колапс.

Но, дали берзата навистина се прегреа, или инвеститорите едноставно гледаат подалеку од сегашните услови, очекувајќи силно закрепнување во 2021-ва година и потоа?

Еден начин да се разгледаат проценките на акциите е пазарната вредност на сите јавно тргувани компании како процент од бруто домашниот производ (БДП), што Ворен Бафет го опиша како „најдобра единствена мерка за тоа каде стојат проценките во кое било дадено време“ во едно интервју за „Fortune“ во 2001-ва година.

„Пред две години, односот се искачи на невидено ниво“, рече Бафет кратко по пукањето на технолошкиот „балон“. „Тоа требаше да биде многу силен сигнал за предупредување“, коментираше тој во тоа време.

Како што е прикажано на графиконот, односот на пазарната капитализација (мерено овде со многу широкиот индекс „Wilshire 5000“) кон БДП-то е значително повисок сега отколку кратко пред да пукне „балонот“ од Дотком.

Користењето на кварталниот просек на „Wilshire 5000“ и поделбата на истиот со кварталните податоци за БДП-то покажува дека односот е евидентно висок во моментов, што, следејќи го образложението на Бафет, може да се смета како многу загрижувачки знак за работите што следуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП