19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на „Cisco“ се намалија петти последователен квартал

Приходите на „Cisco“ се намалија петти последователен квартал

„Cisco Systems“ објави пад на приходите петти последователен квартал бидејќи корпоративните клиенти трошеа помалку на канцелариски мрежни производи за инфраструктура поради порастот на работата од далечина.

Лошите перформанси ја засенија повисоката од очекуваната прогноза за приходите за тековниот квартал. Исто така, ја испрати цената на акциите на „Cisco“ за 4% во текот на тргувањето по работното време. Минатата недела, вредноста на хартиите од вредност се зголеми за скоро 8% пред да излезат резултатите.

Главниот финансиски директор Ричард Херен им рече на аналитичарите дека единицата за инфраструктурни проекти, чија продажба се намали за 3% во текот на кварталот, претрпе најголем удар од пандемијата со Ковид-19.

Вкупните приходи на компанијата малку паднаа на 11,96 милијарди долари во вториот фискален квартал, кој заврши на 23-ти јануари, од 12,01 милијарди долари пред една година. Аналитичарите очекуваа износот да биде 11,92 милијарди долари, според „Refinitiv“.

Сепак, трендот за работа од далечина ја поттикна побарувачката за платформата за видео конференции на „Webex“, виртуелната приватна мрежа „AnyConnect“ и производи за интернет-безбедност.

Приходите на компанијата од бизнисот со услуги се зголемија за 2% на 3,39 милијарди долари.

„Cisco“ соопшти дека очекува приходите во третиот квартал да пораснат од 3,5 до 5,5 проценти, во опсег од 12,4 до 12,64 милијарди долари, според прогнозата на аналитичарите од 12,35 милијарди долари.

„Луѓето го сменија мислењето за работа од дома откако пандемијата доведе до блокади во текот на минатата година“, изјави извршниот директор на „Cisco“, Чак Робинс, цитиран од „CNBC“.

„На почетокот им се допадна новиот начин на работа, но сега многумина сакаат да се вратат во канцелариите“, додаде тој.

Во исто време, вработените во компанијата се борат со други притисоци. Во август, откако „Cisco“ објави трет квартал од намалувањето на приходите заради голем број деловни предизвици, компанијата, која некогаш беше највисоко рангирана во светот, објави програма за намалување на трошоците, која вклучува доброволно предвремено пензионирање.

Портпарол на „Cisco“ изјави дека вработените можат да работат од дома до 30-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП