Во текот на минатата недела се потврдени 56 случаи на новиот британски вид на коронавирусот, од кои најголем дел се од Охрид и Прилеп, соопшти Институтот за јавно здравје.
Во текот на минатата недела, од 1 до 7 февруари, до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на британскиот сој на коронавирусот од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на вируот, а забележано е дека е присутен во осум градови.

