19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: „Audi e-tron GT“ - „ловецот“ на „Tesla Model S“ (ФОТО/ВИДЕО)

Светска премиера: „Audi e-tron GT“ – „ловецот“ на „Tesla Model S“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Audi“ го претстави својот прв електричен модел „GT“ кој може сериозно да ги збрка сметките на „Tesla“.

На „Audi e-tron GT“ може да се гледа и како малку поевтина верзија на електричниот „Porsche Taycan“, бидејќи споделува механичка платформа и одредени компоненти со овој автомобил.

Германскиот производител претстави две верзии – стандардниот „e-tron GT quattro“ и екстремната варијанта што ја носи ознаката „RS e-tron GT“.

Основниот „модел“, „e-tron GT“, има два електромотори – по еден на секоја оска, а вкупната моќност на погонскиот систем е 476 ks (350 kW), додека максималниот вртежен момент е 630 Nm. Менувачот на овој модел е автоматски, со две брзини.

Како и со претходно претставените кросовери од семејството „Audi e-tron“, моделот „GT“ исто така има функција „boost“ што му овозможува привремено (доколку е потребно) да ја зголеми моќноста на 530 „коњски сили“.

„Audi e-tron GT quattro“ забрзува од 0-100 km/h за 4,1 секунди и има максимална брзина од 245 km/h.

Електричната енергија се чува во литиум-јонска батерија со капацитет од 93,5 kWh.

Од „Audi“ наведуваат дека со помош на брз полнач, батеријата може да се полни од 5 до 80% за 23 минути.

Автономијата на возење со полна батерија е до 487 км, според стандардот за мерење „WLTP“.

Од друга страна, врвната верзија, „RS e-tron GT“ има 598 ks (440 kW) и 830 Nm, а опцијата „boost“ му овозможува привремено зголемување на моќноста до 646 ks.

Од место до 100 km/h автомобилот достигнува за 3,3 секунди, додека максималната брзина е 250 km/h.

Интересно, „Audi“ нуди како опција вештачки звук на моторот што ќе се емитува во кабината преку звучници.

„Audi e-tron GT“ и „RS e-tron GT“ ќе се произведуваат во Некарсулм, а цената во Германија започнува од 99.800 евра за основниот модел и од 138.200 евра за верзијата „RS“.

https://www.youtube.com/watch?v=StkkIdBY5r0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП