20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на биткоинот: По Тесла, се очекува да влезе и Епл

Раст на биткоинот: По Тесла, се очекува да влезе и Епл

На почетокот на оваа недела, нови рекорди паднаа на пазарот на криптовалути. Пазарната капитализација беше зголемена за скоро 1,4 трилиони долари.

Биткоинот порасна скоро 70 проценти од почетокот на годината, откако минатата година скокна за 300 проценти, бидејќи инвеститорите бараат алтернатива на американската валута, зошто Федералните резерви на САД ги одржуваат каматните стапки на нула.

Најпопуларната криптовалута се зголеми за 20 проценти во понеделникот, а нејзината вредност надмина рекордни 48.000 УСД. Разликата помеѓу најниската и највисоката вредност на денот беше рекордни 8.871 УСД. Ентузијазмот беше поттикнат од веста дека Тесла купил дури 1,5 милијарди долари во биткоини.

Со влегувањето на Тесла, биткоинот станува уште поистакната или „мејнстрим“ инвестициска класа.

Исто така се очекува и Apple дека би можел да влезе во овие води, иако во моментов не им дозволува на корисниците на Apple Pay да купуваат крипто-валути. Следејќи го примерот на Тесла, највредната компанија во светот може исто така да претвори дел од огромните резерви на готовина (200 милијарди долари) во биткоини.

Аналитичарите на РБЦ дури и ја зголемија целната цена на акциите на „Епл“ врз основа на претпоставките дека „Епл“ ќе влезе во биткоини каде што гледа огромен потенцијал за технолошкиот гигант.

„Епл“, на пример, има база од милијарда и пол корисници што значи дека може да заработи околу 40 милијарди долари годишно од крипто-менувачницата „Wallet“, заклучуваат аналитичарите на РБЦ. Тие проценуваат дека Apple може да купи биткоини во вредност од околу милијарда долари, што, се разбира, би бил силен сигнал до корисниците на нивниот Wallet да влезат во таа приказна. Не треба да се биде премногу на далечина за да се види дека таквиот потег дополнително ќе ја зголеми вредноста на биткоинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП