24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоена е Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”

Усвоена е Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”

Владата ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и го задолжија Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Националната програма, која оваа година е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

Народната банка во рок од пет дена до Владата треба да достави предлог-одлука за изработка на пригодни ковани пари, по повод „2021 – Година во чест на Блаже Конески”.

„Министерството за култура, Министерството за образование и наука и Министерството за надворешни работи се задолжени да ги реализираат активностите содржани во Националната програма кои се од нивна надлежност, а на останатите институции и установи вклучени во Националната програма ‘2021 – Година во чест на Блаже Конески’ им се укажува навремено и квалитетно да ги реализираат содржините наведени во националната програма, согласно предвидената динамика и да ги финансираат во рамки на сопствените буџети“, соопшти Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП