27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСосема генијално решение: Научниците пронајдоа начин да рециклираат милијарди фрлени маски

Сосема генијално решение: Научниците пронајдоа начин да рециклираат милијарди фрлени маски

Научниците на австралискиот универзитетот Royal Melbourne Institute of Technology (RMIT) истражуваат методи за справување со огромната количина фрлени маски за лице за еднократна употреба, чијашто употреба е неизмерно зголемена за време на пандемијата.

Во своето истражување, тие демонстрираа методи на рециклирање на фрлените маски за изградба на патишта, и го нарекоа методот решение за кружна економија за отпад кој е генериран од новата пандемија на коронавирусот.

Откриле дека за изградба на еден километар пат со две сообраќајни ленти потребни се 3 милиони фрлени маски за лице, односно дека 93 тони отпад може да се пренасочат од депонија до транспортната инфраструктура.

Материјалот за изградба на патишта е всушност мешавина од мелени заштитни маски и третирани градежни остатоци. Овој материјал исто така ги исполнува безбедносните стандарди на градежништвото.

Анализата на научниците покажала дека материјалот од заштитните маски помага во цврстината и јачината на крајниот производ, кој би се користел како основа за патишта и тротоари.

Оваа студија е исто така прва што ја испитува потенцијалната корисност на заштитните маски за еднократна употреба во градежните апликации.

Имајќи предвид дека 6,8 милијарди заштитни маски за еднократна употреба се користат секој ден во светот, беше од клучно значење да се најде начин за безбедно отстранување или третирање на тој отпад.

Во моментов, тим од австралиски научници предводен од авторот на студијата д-р Мохамед Саберијан истражува дали можат да се рециклираат и други парчиња опрема за лична заштита со истиот метод.

Тие исто така ја открија оптималната мерка за додавање маски на рециклиран бетон, а тој сооднос е 1 процент изрендани маски и 99 проценти рециклиран бетон.

Резултатот е добра кохезија на материјалите и јачина помеѓу двата материјали. Таквиот материјал може да се користи за првите три од вкупно четири слоја при изградба на патишта. Последниот слој е, се разбира, асфалт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП