27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche“ инвестира 15 милијарди евра во електрични автомобили

„Porsche“ инвестира 15 милијарди евра во електрични автомобили

На крајот на деценијата, повеќе од 80% од гамата на „Porsche“ ќе се состои од електрифицирани автомобили. Ова вклучува и хибридни модели и електрични автомобили, изјави извршниот директор на компанијата Оливер Блум.

Тој откри дека „Porsche“ ќе инвестира над 15 милијарди евра во електрификација на своите автомобили во следните 5 години. Сепак, компанијата, која е во сопственост на „Volkswagen AG“, ќе продолжи да го нуди својот легендарен модел „911“ со мотори со внатрешно согорување, кои ќе бидат прилагодени за работа со синтетички горива.

Поголемиот дел од оваа сума, 900 милиони евра годишно, ќе се потроши за дигитализација на системите што ги користи „Porsche“. Досега, планираната сума беше 800 милиони евра годишно. Компанијата исто така ќе инвестира 150 милиони евра секоја година во заеднички проекти со други производители и во надворешни компании.

Експертите известуваат дека „Porsche“ е еден од најбрзо закрепнувачките производители од кризата, најмногу заради стабилните перформанси на марката на кинескиот пазар, како и зголемената побарувачка за првиот целосно електричен модел на брендот – „Taycan“.

Студија на „Global EV Outlook“ покажува дека до 2030-та година ширум светот, скоро 140 милиони возила ќе работат на електрична енергија, што ќе биде околу 7% од глобалната флота на автомобили. Затоа компании како „Audi“, „Jaguar“ и “Porsche“ се насочуваат на модели кои користат електрична енергија и кои ќе се обидат да ја предизвикаат и одземат водечката позиција на „Tesla“ во овој сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП